Регион

Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со театарската претстава „Љубовна терапија“

На 15 февруари 2024 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостува ансамблот на Театар Куманово со претставата „Љубовна терапија“. Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот текст на „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, љубовта е обработена како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапијаи дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци ипоголеми човечки маси, вели драматургот Симона Тоскиќ.

Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска. Улогите ги толкуваат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

Влезниците по цена од 150 денари можат да се купат во Народниот театар во Гевгелија (од 08:00 до 15:00 часот) и пред почетокот на претставата. Изведбата на претставата започнува во 19:30 часот.

Препорачуваме:

Подготовки пред почетокот на есенската сеидба

ВИДЕО: Звуците на природата

Dimitar Micev

Во Богданци бесплатен престој во градинка за деца чии родители се со минимална плата

Сузана Мицева