Поврзете се со нас

Евролига

Петрушев трагичар за Олимпијакос, Макаби поведе во серијата со ПАО

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MaccabiTLVBC

Макаби прокоцка голема предност против Панатинаикос, но сепак избори победа на третиот натпревар од четвртфиналната серија во плејофот на Евролигата, во кој Олимпијакос по продолжение загуби од Барселона.

Двете средби имаа драматичен финиш и завршија со порази на грчките тимови, но на таа во Белград, Макаби се доведе во опасна ситуација иако долго имаше двоцифрена предност и му дозволи на грчкиот ривал да се врати во игра за победа.

На крајот, сепак Макаби славеше со 85:83 и има предност од 2:1 во пресрет на четвртиот натпревар во серијата.

Лапровитола обезбеди продолжение за Барселона во драматичната завршница против Олимпијакос, на 23,2 секунди до крајот на продолжението беше 80:8о, домаќините не искористија напад, а Петрушев направи лична грешка над Паркер на помалку од секунд до крајот и со тоа се претвори во трагичар за грчкиот тим.

Паркер погоди две од трите слободни фрлања и ги постави конечните 80:82, со што Барса поведе со 2:1 во серијата.

Петрушев со 18 поени беше најефикасен кај домаќините, додека Весели со 16 поени ги предводеше стрелците кај Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни