ФОТОВЕСТ: Фонтаната на Градскиот плоштад се подготвува да проработи

689

Гоплемата фонтаната на Градскиот плоштад, на споменикот на „Александар Македонски“ денеска се подготвуваше да проработи за претстојната сезона.

Таа повеќе не е покриена, а од она што можеше да се види, работници влезени внатре ја чистеа и ја средуваа за да може таа нормално да функционира.

Подетални информации за тоа дали и другите фонтани се подготвуваат и кога ќе бидат ставени во функција, не добивме од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Фото : (Ѕ.П.)