Вести Свет Топ вести

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

„25 години затвор за кражба на осум милијарди долари од клиенти на сега банкротираната берза за криптовалути ‘FTX’“ – пресуди американскиот суд во Менхетн во случајот со Сем Бенкмен-Фрид кој се смета за една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.

Според судијата Каплан, 32-годишникот се однесувал како „пресметлив математички гениј кој барал моќ и влијание додека свесно правел погрешни постапки“. Иако Бенкмен-Фрид се извинил за колапсот на берзата и серијата лоши одлуки, во неговото однесување не било демонстрирано каење за постапките. Освен затворската казна на Бенкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари.

Инаку, таканаречениот „Крал на крипто-валутите“ беше уапсен во декември 2022 година на Бахамите по налог на американското обвинителство откако неговата фрима банкротираше. Обвинителите го товареа Бенкмен-Фрид дека ги лажел инвеститорите и заемодавачите, како и дека украл милијарди долари од берзата за крипто-валути, што предизвикало да се забрза нејзиниот колапс. Обвинението се однесуваше за седум точки за измама и перење пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 28.04.2024

Дејан Дејан

Мицкоски: Се што ветуваме, брзо ќе исполниме, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат 61 пратеник

Дејан Дејан

Ковачевски: Секогаш сме биле и секогаш ќе бидеме најсилната партија, партија која не се откажува кога е најтешко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе