Арбен Таравари кој беше претседателски кандидат на албанската опозицја, но не влезе во вториот круг, во Тетово вети повеќе работа како дел од централната власт.

-Ако ме прашате дали сме уморни, признавам да, малку. Ве изморивме и вас реално, со дозвола или без дозвола сме тропнале на секоја врата, но вашето добредојде беше невообичаено. Ќе ветам јавно, дека кога ќе ја правиме владата набрзо, ќе трчаме уште посилно, нема да седиме во фотелјите, туку ќе работиме за вас, што ни ги отворивте вратите кога дојдовме без да тропнеме. Јас имав понуда од Али Ахмети, но ја одбив и јас избрав да бидам со вас и горд сум што го направив овој избор, истакна Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.