Македонија

(Видео) Боки 13 му врати на Спасовски: Лаже, комунициравме до пред апсењето, му го пријавив „Рекет“ и ми кажа дека нема ништо од тоа

Бојан Јовановски-Боки 13 кај Лазаров тврди дека ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски лажел во подкастот „Претрес со Ландов“ кога кажал дека имале само службена комуникација, како и дека кај него не бил пријавен „Рекет“. Боки 13 тврди дека има пораки со Спасовски, а дека комуникацијата дека ја започнале на 08.12.2018 година.

Првата порака која Боки 13 ја испратил до Спасовски, според него е: „Ако може да се слушнеме, итно ми е, му пишав и на премиерот“, а се работеше за напад кој го имаше моето семејство во тоа време, јас пријавувам кај него, па му пишувам адреса“.

Боки 13 кажа дека стопати бил кај Спасовски, како и дека му ја работел ПР промоцијата за да биде претседател.

„Јас и Оливер Спасовски сме комуницирале заклучно со месец јуни, 2019 година, се додека не ме уапсија, две недели пред апсење. Новинарот во подкастот, Ландов, му постави едно круцијално прашање, кога го праша, дали можеби јас сум му го пријавил случајот Рекет“, рече Јовановски, па додаде дека бил во неговиот кабинет и посочи: „Јас во неговиот кабинет одам и му кажувам дека сум снимен од странски служби, дека тоа ми го кажал Зоран Заев и дека тој лично комуницира со Камчев, Зоран Милевски-Кичеец и дека ми се подготвува таква и таква работа. Тоа ми беше кажано мене и Катица Јанева. Тој ми кажа дека нема да има ништо од тоа, па се повлекува“.

Според Боки 13, Спасовски со страв дал одговор на прашањето во подкастот „Претрес со Ландов“.

Гостувањето на Спасовски во прилог:

На почеток