Далас без Клебер во серијата против Оклахома

Далас Маверикс го загубија Макси Клебер за полуфиналето на Западната конференција со Оклахома Сити Тандер, а можеби и за остатокот од сезоната.

На Германецот му беше дијагностицирана тешка повреда на рамото изместување на лигаментот што го „држи“ рамениот зглоб – па ќе мора да мирува „прилично долго“, објавија американските медиуми.

Клебер веќе пропушти солидна количина на натпревари поради повреда оваа сезона, но се врати на време за плејофот и потсети колку е важен играч за тимот на Џејсон Кид за време на серијата од шест натпревари со Лос Анџелес Клиперс.

Се вчитува...