Search

Јадете спанаќ оваа пролет, здрав е

За бенефитите од конзумирањето спанаќ се знае одамна, а преку цртаните филмови со Попај Морнарот, таквата кампања се прослави на светско ниво.

Денеска, нутриционистите имаат многу повеќе сознанија за него и неговите добри особини, па ова се главните четири причини зошто треба да го вклучите спанаќот во вашата исхрана

Спанаќот е добар извор на калиум, кој може да помогне да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од срцеви заболувања. Исто така, содржи антиоксиданси кои можат да го заштитат срцето од оштетување предизвикано од слободните радикали, како и антиинфламаторни соединенија кои помагаат во заштитата од срцеви заболувања преку намалување на воспалението и спречување на оксидативно оштетување на клетките.

Бидејќи содржи два важни антиоксиданси (лутеин и зеаксантин) кои се корисни за здравјето на очите, со негово конзумирање човек може да се заштити од макуларна дегенерација поврзана со возраста и други проблеми со очите.

Зелените листови на ова растение може да се користат во различни јадења, од салати до чорби, тави и смути, што прави да е разновиден и вкусен начин за повеќе корисни хранливи материи во вашата исхрана.

Генерално, спанаќот се смета за нискокалоричен и богат со влакна, што го прави одлична храна за диетален режим. Може да ви помогне да се чувствувате сити и задоволни без да консумирате премногу калории. Присуството на фибри помагаат во регулирањето на варењето и да се спречи запек.

Извор: e-klinka.rs

Најново

Последни колумни