Важен кошаркар кажа збогум на Србија пред ОИ во Париз

Србија ќе биде ослабена при настапот на ОИ во Париз откако Никола Калиниќ објави дека повеќе нема да настапува за својата репрезентација.

Одличниот крилен кошаркар со години беше стандарден во националниот тим, лани не настапи на Мундобаскет поради повреда, а по синоќешниот дуел за Барселона против Олимпијакос и официјално објави дека не планира повеќе да гоноси репрезентативниот дрес.

„Дали сум во контакт со селекторот Пешиќ? Искрено, не сум. Мислам дека јас го завршив своето на таа тема. Ниту со главата, ниту со телото не сум подготвен за такви напори, да се изборам за место во тимот на вистински начин. Дојдено е времето некои помлади момци да играат и да се покажат. Особено ако се знае успехот што го направија минатото лето“, изјави Калиниќ.

Тој е вториот кошаркар што објави дека воопшто нема да конкурира за место во тимот на Србија за ОИ во Париз, откако истото го стори и Немања Недовиќ.

Василије Мициќ најави дека е подготвен за настап за националниот тим на Олимписките Игри, а уште се чека својот став на оваа тема да го каже Никола Јокиќ.

Се вчитува...