Супер-пресврт на Хрватска и водство од 1-2 на полувреме (видео)

Хрватска со фантастичен пресврт и два гола за помалку од десет минути успеа да го сврти резултатот во своја полза и на полувреме од мечот со Канада да замине со предност од 2-1.

Канаѓаните изненадија со водечкиот гол на Дејвис во втората минута, но по почетниот шок „коцкестите“ успеаја да се рехабилитираат, да влезат во ритам и да почнат да го диктираат темпото.

Андреј Крамариќ биеше прецизно на асистенција на Ливаја, но тој погодок беше поништен поради офсајд. Сепак, таа акција беше најава за далеку подобра игра на Хрватите, кои во 36. минута стигнаа до израмнува. Повторно Крамариќ беше играчот кој го совлада голманот Борјан, овојпат асот на Хофенхајм избегна офсајд и мајсторски биеше ниско по земја во долниот агол од противничкиот гол.

Овој гол им даде крилја на светките вицешампиони, кои продолжија да доминираат на теренот и заслужено поведоа преку Ливаја, откако голгетерот на Хајдук шутираше прецизно од работ на шеснаесетникот, за голема радост на хрватските фанови.

Се вчитува...