Тиаго Силва не размислува на пензија, се враќа во клубот каде ја почна кариерата

Искусниот бразилски дефанзивец Тиаго Силва (39) беше подготвен да ја продолжи соработката со Челси, но клубот не беше подготвен да му понуди нов договор.

Според пишувањето на бразилскиот „Ге Глоб“, дефанзивецот договорил соработка со Флуминензе и ќе потпише договор до 2026 година. Договорот наводно бил постигнат усмено.

Има овој тим искусни и звучни имиња во своите редови како Марсело, Фелипе Мело, Гансо, а сега  саакаат со Тиаго Силва дополнително да се засилат и да се обидат до дојдат до петтиот пехар во историјата на Бразил, прв после 2012 година.

Силва во Флуминензе ја почна кариерата како јуниор, а потоа играше за овој клуб и во сениорска конкуренција. Во кариерата покрај Челси, играше и во ПСЖ и во Милан.

Се вчитува...