Поврзете се со нас

Италија

Алегри со отровна стрела до спортскиот директор на Јувентус: Сега не можеме ништо да поправиме

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри уште од самиот старт на сезоната си го постави топ четири пласманот како главна цел за неговиот Јувентус, па иако во добар дел од сезоната тоа изгледаше како добра стратегија да се префрли притисокот кон Интер, реалноста покажа дека овој тим на Јуве навистина нема квалитет да се борирр за титулата.

Јувентус сериозно назадуваше во изминатите два месеци и целосно испадна од трката за Скудетото, а до крајот на сезоната ќе се обиде да го одбрани третото место од екипи како Болоња и Рома.

Реално гледано, актуелниот тим на Алегри е прилично лимитиран и клубот не се расфрлаше со пари во летниот преоден рок, но од последната изјава на Алегри може слободно да се заклучи дека тој не бил задоволен од потезите кои ги повлекле одговорните луѓе.

– Клубот е тој што се грижи за случувањата на трансфер пазарот, клубот се одлучува за своја стратегија. Тоа што е направено е направено, сега не можеме да промениме ништо, не може ништо да се поправи, – вели Алегри, а оваа изјава медиумите ја протолкуваа како директен напад кон спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

Оваа изјава на Алегри најверојатно се должи на контроверзните ангажмани на Тиаго Џало и Карлос Алкарас, но мора да се признае дека не воодушеви и Тимоти Веа кој пристигна како возбудливо летно засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни