23.8 C
Скопје
9. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак.

Од МВР велат дека во несреќата учествувале две возила, кои ги управувале 30-годишници, а жената што се нашла на местото има 65 години. Во несреќата таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полесно повреден е 19-годишен сопатник во едното возило.

Извршен бил увид./Извор:Makfax