Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

dobivaj vesti na viber

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Култура

Премиера на претставата „Парови“ во Драмски театар Скопје

Објавено пред

Премиера на претставата „Парови“ ќе се одржи утре на 18 мај во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје.

dobivaj vesti na viber

На прес конференцијата за претставата говореше режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноскаи и дел од актерската екипа.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

Директорката на Драмски театар Скопје Викторија Рангелова Петровска на прес конференцијата направи осврт на традицијата на Драмски во поддршката на текстови на македонските автори со што Драмски се издвојува и го држи приматот на национална куќа која дава најискрена поддршка со поставување на претставите на домашните автори.

Таа истакна дека: „Новата премиера на Драмски театар која е воедно и праизведба на драмскиот текст Парови од авторката Ана Ристоска Трпеноска. Должна сум да посочам на улогата на Драмски театар во промоција на македонски драмски автори и на македонското драмско писмо. Драмски театар од самиот свој почеток, во сите три негови развојни фази од Куклено детски театар, преку Младинско детски театар и на крај Драсмски театар во програмската политика искрено се залагал за промоција на македонски автори и домашното драмско творештво. На самиот почеток репертоарот на куклено детската сцена период од 1946 до 1960 година се поставуваат дела создадени од Петре Прличко кој се потпишува под оригинални детски пиеси и прави театарски адаптации на Дизниевите филмови за деца како авторите кои одбележаа значаен дел од македонската книжевност како Славко Јаневски (Шумска дружба, Шеќерното дете), Ванчо Николовски (Горски суд) и Александар Алексиев (Немирници). Во периодот 1960 до 1970 следи интензивна промоција на битовата драмтургија претставена преку Ристо Крле (Парите се отепувачка), Васил Иљоски (Бегалка, Свадба), за да продолжи со промоција на поствоени автори кои од докажани прозаисти добиваат можност на сцената на Драмски театар да го преточат својот театарски обид во успешна театарска приказна, а тоа се авторите: Томе Арсовски (Александра, Бумеранг), Коле Чашуле (Партитура за еден Мирон), Милан Ѓурчинов (Богомилска балада), Симон Дракул (Немирна рудина), Петре М Андреевски (Богунемили), Оливера Николова (Земја во која не се стигнува), Георги Сталев (Болен Дојчин), Богомил Ѓузел (Адам , Ева и Јов). Од 1970 започнува златниот период на Драмски театар кој исклучиво се должи на претставите работени на домашни автори како Горан Стефановски со Јане Задрогаз, Диво месо, Дупло дно, Тетовирани души, Кула Вавилонска, Чернодрински се враќа дома, Демонот од Дебар маало, Огнени јазици итн) Јордан Плевнеш (Еригон, Р, Југословенска антитеза, Слободен лов, Последниот маж, последната жена), Русомир Богдановски (Пангуриј, Чудото на СВ. Ѓоргија) и комедиографот Миле Поповски (Солунски патрдии, Викенд на мртовци), кои соработуваат како тандеми со режисерите Слободан Унковски, Љубиша Георгиевски и Коле Ангеловски. Од 1990 година покрај овие веќе етаблирани автори кои театарот ја продолжува соработката и во годините кои следат, Драмски театар ја отвара вратата и се залага за промоција на новата генерација на драмски автори и драматурзи како Жанина Мирчевска (Шуави ап, Есперанца ), Сашко Насев (Чија си, Грев или шприцер), Југослав Петровски (Вазна од порцелан), Дејан Дуковски (Друга страна) и Венко Андоновски (Словенски ковчег, Кандид во земјата на чудата)

Во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска (Ждрело), Благица Секуловска (Безљубни), Миа Николовска (Така зборуваше Гертруда) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со Мојот маж од Румена Бужаровска. Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен.
Зошто ја правам оваа историска ретроспектива на улогата на Драмски театар во дефинирање на македоската драматургија, ја правам за да ја потенцирам улогата на Драмски театар во одржување на континуитетот на македонското драмско писмо и тоа со праизведби со што ја докажува вербата во новите автори. Ја потенцирам улогата на Драмски театар преку кој се дефинираат театарките животи на најголемите македонски драмски автори. Драмски театар е институцијата која отвара врата и искрено и несебично вложува во промоција на македонското драмско творештво и во македоските автори.

Девизата на Ристо Стефановски дека без македонска драма нема театар, беше и остана една од примарните задачи на повеќе или помалку секој раководител на Драмски театар. За таа цел од оваа година Драмски театар започнува со реализација на конкурс за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години а наградата го носи името Горан Стефановски.

И таа доминација на жените автори и денес е тука и е претставена преку Ана Ристоска Трпеноска со чие дело Парови во сабота навечер ќе се претстави пред македонската публика. Во реализација на нејзиното дело се вклиучија режисерката Ивана Ангеловска, сценографот Костадин Трпеноски, композиторот Ади Имери, изборот на костими го изготвија Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев и актерската екипа составена од искусни актери на Драмски и новата снага и тоа: Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Лазар Христов и Ирена Ристиќ која се извинува за неприсуството и е отсутна од оправдани причини. Оваа актерска екипа е заслужна за заокружување на театарскиот проект во целина, без нивната комплетна посветеност заокружувањето на процесот ќе беше неможен. Со тоа како и многупати до сега уште еднаш се потврдува дека актерскиот ансамбл на Драмски театар е неверојатна движечка сила“.

Авторката Ана Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст промислува на современ јазик и го поставува прашањето:

„Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?

Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет.

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.

Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Објавено пред

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар – Скопје (киното „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.

dobivaj vesti na viber

Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20 часот во МКЦ.

Мотото на годинешниот фестивал е „Борба. Не војна!“, а автор на постерот е Андреј Павлов.

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастер-клас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа.

Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писателите (HDP), „ПНВ публикации“ и хотел „Цара 1928“. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, „Кајгана“, „Умно“ и „Култура Бета“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Тоска“ на Мајските оперски вечери следната недела

Објавено пред

Во рамките на престижниот фестивал Мајски оперски вечери, на 23 мај, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и Балет, ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој оперски трилер.

dobivaj vesti na viber

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на злобниот Скарпија ќе настапи гостинот од Романија Лусијан Петреан, во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени.

Во другите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ и Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и Балет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Европскиот фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка

Европскиот фронт смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со Бехтел и Енка. „Ниту една влада не...

Македонија2 часа

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ3 часа

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет3 часа

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет4 часа

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа5 часа

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет5 часа

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет6 часа

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа6 часа

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија16 часа

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија20 часа

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија21 час

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија21 час

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија22 часа

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...

Економија22 часа

Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но недостигот на стручни кадри е најголем ризик за инвестирање

Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од...

Македонија23 часа

Митровски објави дека адвокат му починал пред очите: „Помодре и не даваше значи за живот, колега почина на работното место“

Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук-профил сподели информација за тоа дека во Граѓанскиот суд, односно на судење, починал негов колега...

Регион1 ден

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија1 ден

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија1 ден

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија1 ден

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...