Офанзива на Саудијците: Рома ќе биде новиот Њукасл?

Фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија е заинтересиран да го купи фудбалскиот клуб Рома од Серија А првенството.

Според медиумот „Република“, Саудијците наводно за Рома биле подготвени да издвојат 900 милиони евра, со цел да станат доминантни сопственици, а како план Б најавуваат дека ако таа прва понуда биде одбиена, ќе испратат нова, вредна цела една милијарда во пакет за клубот Рома.

Саудиска Арабија во последно време вложува големи средства во фудбалот, во својата лига првенствено ги доведоа Роналдо, Нејмар, Александар Митровиќ и уште некои ѕвезди од светскиот фудбал.

Во сопствеништво на саудискиот фонд за вложувања низ светот, под контрола го имаат и фудбалскиот клуб Њукасл, во кој вложуваат од сезона во сезона се повеќе средства, па можеби тоа наскоро ќе биде исто и во Рома.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО