Доби два жолти картони на еден меч, но немаше црвен картон, за на крајот сепак да добие суспензија

Голманот на Астон вила Емилијано Мартинес беше херојот на тимот во елиминацијата на Лил во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА. Овој двомеч мораше да се решава на пенали, откако по 210 минути на теренот беше нерешено 3:3.

Токму во пенал рулетот Мартинес успеа да одбрани два пенали и беше најзаслужен што неговиот тим е во полуфиналето на ова натпреварување. Освен одбраните, Мартинес имаше и друго шоу, па доби два жолти картони, но не беше избркан од игра.

Првиот жолт картон беше во 39 минута, а вториот се случи за време на пенал-рулетот кога Мартинес ги провоцираше домашните фанови. Откако му даде жолт картон, многумина мислеа дека Мартинес ќе добие црвен картон, но судијата објасни за правилото кое малкумина го знаат, а тоа е дека „жолт картон“ добиен за време на пенал-рулетот не се смета како втор, затоа што јавните опомени добиени во првите 120 минути се поништуваат за шутирањето на пенали.

Martinez yellow card vs Lille in the penalty shootout
byu/Chelseatilidie insoccer

Мартинес не доби црвен картон на гости кај Лил, но сепак не избегна суспензија. Од претходно, голманот на Астон вила имаше еден жолт картон и овие два добиени против Лил, значи дека со три јавни опомени следува суспензија.

Тоа значи дека Мартинес нема да брани на првиот меч од полуфиналето на Конференциската лига против Олимпијакос, кој ќе се игра на „Вила Парк“. Аргентинскиот голман ќе биде на располагање за реваншот против грчкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести