Илир Мета: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој

Илир Мета: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој

Поранешниот претседател на Албанија и актуелен претседател на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изразува поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата, на претстојните избори.

„Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани.

Да не заборавиме дека нејзината визија и политики во управувањето ја трансформираа Македонија, 10-то место во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции.

Благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија експлодираше во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи од 10 милиони евра годишно финансирање и зголемувајќи ги на 200 милиони евра.

Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засенија извонредните економски и општествени достигнувања.

Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа“, напиша Мета на социјалните мрежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста