Мбапе доби новинарска провокација како „сол на рана“ по синоќешната елиминација (ВИДЕО)

Килијан Мбапе, сосема очекувано, не можеше да го сокрие разочарувањето по синоќешниот пораз на домашен терен од Борусија Дортмунд (0-1) и елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Мбапе летово се сели во Реал Мадрид, а ова беше последна шанса за него да освои трофеј во ЛШ со ПСЖ.

Па, како „сол на рана“, веднаш по мечот Мбапе доби и прашање дали ќе навива денеска за Реал Мадрид во пресметката против Баерн Минхен. Французинот само луто го погледна новинарот кој го постави тоа прашање и се повлече кон соблекувалната…

Се вчитува...