Му се смееја дека игра во формација 2-7-2, а сега е на прагот од Лигата на шампионите

Во фудбалската кариера, Тијаго Мота имаше чест да биде дел од големи европски клубови како Барселона, Интер и ПСЖ. Иако немаше сигурно место во стартниот тим, тој може да се пофали со две титули во Лигата на шампионите. По завршувањето на активното играње фудбал, Мота продолжи како тренер.

Започна како тренер во младинскиот тим на ПСЖ, потоа беше во Џенова и Специја, а од 2022 година е во Болоња. На почетокот на неговата кариера, Мота беше цел на исмевање откако беше иноватор на формацијата 2-7-2. Во оваа тактика, голманот е како дополнителен дефанзивец во играта, а средниот ред е максимално засилен.Токму во средината на теренот Болоња добива бројчана доминација, а со тоа и контрола на поседот.

Мота сезонава е одличен предводник на Болоња, тим кој е во Топ 4 на табелата. По 32 меча, Болоња има 59 бода и е со четири бода повеќе, но и средба плус во однос на Рома, која е на петтото место на табелата.

Болоња ја има третата најдобра одбрана во Серија А и на шест кола до крајот, овој тим сам си решава дали ќе ја задржи актуелната позиција, која ќе им донесе настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести