Излезноста до 18:30 часот, според обработените резултати од Државната изборна комисија е 48,46 отсто во 3.174 избирачки места. Од вкупно запишани 1.653.023 гласачи, гласале 801.074 граѓани.

Како што соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски најголема излезност има во Новаци 71,07 отсто, најмала во Центар Жупа – 16,90 проценти.

-Гласањето се одвиваше мирно без поголеми инциденти. Уважени се 134 приговори и е овозможено повторно гласање. На бесплатната телефонска линија се јавиле десет луѓе, а преку видео порака информации побараа 8 лица со оштетен слух, соопшти тој.

Даштевски информираше и дека гласањето ќе биде продолжено во Демир Хисар, Липково, Делчево и Могила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.