Поврзете се со нас

АТП

Кам-бек на Рафа: Надал во ист дел од ждребот со Алкарас на својот омилен турнир

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrisbaneTennis

Рафаел Надал ќе стави крај на тениската пауза и официјално потврди дека ќе се врати на стартот на наредната недела, кога по пауза од две години ќе заигра на еден од своите омилени турнири.

АТП турнирот во Барселона ќе се игра од 15-ти до 21-ви април, а за Надал тоа ќе биде прв официјален настап по оној во Бризбејн на почетокот на 2024-та година.

Надал денеска бил дел од ждрепката во Барселона и дознал дека за свој противник во првата рунда ќе го има Фабио Коболи, 63-от тенисер на АТП листата.

– Навистина сум многу среќен што сум тука и што ќе бидам дел од турнирот. Барселона ми даде многу радости во кариерата и секогаш уживам кога сум тука. Ова е мојот матичен тениски клуб и со нетрпение чекам да излезам на теренот.

– Знам дека ќе има периоди кога ќе страдам, но во исто време влегувам со голема страст и мотив да се надигрувам, – изјавил Надал кој денеска одиграл спаринг меч со Андреј Рубљов, кој интересно го добил со 6:1 (се одиграл еден сет).

Што се однесува до ждребот, ако ја мине првата рунда, Надал во второто коло ќе игра со Алекс Де Минор, додека во неговиот дел од костурот е и Карлос Алкарас со кого би се сретнал во полуфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни