Гордана Силјановска Давкова: Дојде час да си замине оваа власт

43

Kандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека граѓаните лесно може да донесат вистинска одлука  за кого да гласаат, со оглед дека таа беше во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател. Дополни дека системот е чуден и дека сме ретка земја во која во вториот круг на претседателските избори има изборен праг од дури 40 отсто во парламентарен систем.

-Ако се познава денот по утрото, а мислам на вчерашното утро, тогаш дојде нешто што јас на последниот ден од митингот го нареков – дојде време, дојде час да си замине оваа власт.Мислам дека на следните избори треба да ја примениме препораката на Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг. Тоа е праг што бара не само преговори и разговори, туку овозможува уцени и пазари, а јас сум против пазарна политика, изјави Силјановска Давкова по гласањето.