Бојмацалиев: Вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори помина во ефна фер, демократска и слободна атмосфера

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на вечерашната прес-конференција истакна дека „парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори помина во една фер, демократска и слободна атмосфера“.

– Како што помина и првиот круг од претседателските избори и денешниот втор круг од претседателски избори и парламентарни помина во една фер, демократска и слободна атмосфера и граѓаните можеа слободно да го изразат своето право на гласаат, вели Бојмацалиев.