По 48-дневниот велигденски пост лекарите апелираат да не се претерува со мрсната храна

По 48-дневниот велигденски пост лекарите апелираат да не се претерува со мрсната храна

И пред и по постите да се однесуваме одговорно, а умерената и разновидна исхрана да ни биде начин на живеење – апелираат лекарите. Седум неделниот пост завршува на полноќ, а во првите денови изборот на намирници кои ќе се конзумират е многу важен вели д-р Чолакова Дервишова. Таа алармира дека мрсната храна и прејадувањето може да предизвика сериозни последици по здравјето,па наместо со најблиските,постои опасност празниците да се поминат и во болничка соба ако не ги почитуваме советите од докторите.

Во првите денови по завршувањето на постот исхраната треба да изобилува со зеленчук и овошје, а месото постепено да се внесува. Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден. Не треба да се јадат повеќе од три на ден советуваат лекарите. Во нормала организмот се враќа по десетина денови

Велигденскиот пост трае 48 дена и е најстрога форма на постење. Освен воздржувањето од мрсна храна и алкохол има и други елементи, а тоа е воздржување од лоши дела и зборови. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )