ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ ВОЗИТЕ СО ЛЕТАЧКО ТАКСИ?

Иако летечките такси сè уште звучат како научна фантастика, тие се подготвени да станат реалност пред крајот на годината. Електричните возила на „Volocopter“ во форма на дрон се подготвени да летаат во Париз, што се совпаѓа со Олимписките игри во 2024 година. Воздухопловното такси „VoloCity“, кое личи на хибрид меѓу беспилотно летало и хеликоптер, има две седишта и 18 ротори, што го прави „извонредно лесен за летање“, според Хок. Се движи / лета на електричен погон, па е комплетно бесшумен.

Дирк Хок, поранешен извршен директор на „Airbus Defense and Space“, ја предводи оваа револуционерна иницијатива во „Volocopter“, германски старт-ап кој е пионер во воведувањето на електрични воздушни такси на пазарот.

Од овој месец фирмата спроведува курсеви за тренинг на пилоти, а на крајот на февруари доби дозвола за сериско производство на „VoloCity“. Лани напраави пробни летања во ОСака, Њујорк , Тампа и потпиша договор со британската фирма Bristow за соработка во Обединетото Кралство.

Првите пробни летови ќе се одржат над улиците на Париз ова лето, што се совпаѓа со Олимписките игри во 2024 година. Овие летови ќе ги поврзат аеродромите Париз-Шарл де Гол и Ле Бурже, интегрирајќи се во најпрометниот центар на градот. Дополнително, тие ќе го поврзат бродот Аустерлиц со хелиодромот на Париз преку урбаните области и ќе ги истражуваат туристичките рути до аеродромот Сен Сир-л’Екол.

Засега неможе да биде замена за масовниот транспорт, ниту за Убер и другите компании кои го користат убер-концептот. Но, „На пример, за транспорт на итната медицинска помош, доведување на лекар во несреќа за пократко време или транспорт на органи на операција, за пократко време, поодржливо и потивко.“

Директорите сеуште не се договориле колку ќе биде цената, но се дискутира за 3 до 4 евра по километар. Засега леталото има можност за две седишта – на такси пилотот и патникот, па се претпоставува дека за време на Олимписките игри ќе биде само одлична туристичка атракција. Париз сеуште нема дадено сертификат – како лиценцата што ја имаат нашите такси возила, Волосити се подготвува иза ЕКСПО во Осака идната година, но, сите се уверени дека воздушното такси како такси  ќе се користи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.