Поврзете се со нас

Англија

Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул одново си „пукаше во колено“ и практично се самоисклучи од битката за титулата во Премиер лигата, бидејќи поразот од Евертон значи дека Манчестер Сити може да отиде на плус пет до крајот на оваа недела.

Големото Мерсисајд дерби кое се играше на „Гудисон парк“ донесе најлош можен расплет за избраниците на Јирген Клоп, бидејќи Ливерпул за првпат загуби на ова гостување по пауза од 14 години.

Евертон славеше 2:0 и направи голем исчекор кон опстанок во англиската елита, а различното расположение во двата табори можеше да се заклучи и од бесната изјава која ја даде Вирџил Ван Дај.

– Разочаран сум од повеќе гледни точки. Ако играме како вечерва, нема зошто да се сметаме како кандидати за титулата, нема шанси за такво нешто. Секој мора да се погледне во огледало, треба да ги согледа своите перформанси и да се запраша дали навистина даде се од себе? Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?

– Се бориме, има уште многу натпревари до крајот, но ако играме како денеска, нема никакви шанси. Ова е тежок и болен пораз, мора да бидеме подобри против тим кој се бори за опстанок. Имавме чисти шанси во првиот дел, требаше да дадеме гол и не бевме доволно добри. Не смееме да си дозволиме сезоната да ни се лизне од раце на ваков начин, – изјави разочараниот капитен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни