Пресметка на великаните, Реал на гости кај Баерн Минхен

Пресметка на великаните, Реал на гости кај Баерн Минхен

пред 2 недели

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе го започнат полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Минатиот викенд Баварците дефинитивно се простија од шампионскиот пехар во Бундеслигата, претходно испаднаа и од Купот на Германија, што значи дека Лигата на шампионите им е шанса сезоната да ја завршат со трофеј. Последен пат без трофеј Баерн сезона заврши пред 12 години.

Баварците ќе имаа тешка задача, да го елиминираат Реал Мадрид, кој се наоѓа на чекор од освојувањето на титулата во Шпанија

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа најмногу натпревари во историјата на европските натпреварувања, вкупно 26. Сите се одиграа во рамките на Купот или Лигата на шампионите и сите освен два беа одиграни во елиминациската фаза од елитното европско клупско натпреварување. Досегашниот учинок е 11 победи за Баерн, 12 за Реал Мадрид и три нерешени.

Интересно е што никогаш не се сретнале во финалето. Најмногу дуели имале во полуфиналето, дури 14. Реал, три пати успеал да го мине Баерн во полуфиналето и потоа ја освојувал титулата.

Баерн има скор 3:1, единствено во 1987 година не успеал да ја освои титулата, откако претходно во полуфиналето го победил Реал.

Последните два дуели на „Алијанц арена“ му припаднаа на Реал и двата со резултат 2:1, но и двата се одиграа пред почетокот на серијата без пораз на Баварците во Европа, која започна во април 2021 година.

Со неверојатна серија од десет меча без пораз во Лигата на шампионите на УЕФА, со рекордни осум победи и две нерешени средби, а по драматичната елиминација на актуелниот европски првак Манчестер Сити, Реал сега е фаворит на обложувалниците за освојување на ова натпреварување.

Ова не е изненадување, со оглед на нивната лидерска позиција во Ла Лига, како и импресивните пет последователни триумфи на гости во Лигата на шампионите.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти се враќа во еден од своите поранешни клубови со помалку проблеми со повреди во споредба со неговиот колега Томас Тухел. Повредени се Саша Бои, Тарек Бухман, Кингсли Коман, Габриел Марушиќ, Конрад Лејмер, Матијс де Лихт и Буна Сар, додека под знак прашалник за овој меч за домашните се Серж Гнабри, Џамал Мусиала, Лерој Сане и Дајот Упамекано, додека гостите пристигнаа во Минхен без Тибо Курту и Давид Алаба, кои долго време се повредени, додека Дани Карвахал е суспендиран.

Баерн е на пат до седмата европска титула (1974, 1975, 1976, 2001, 2013 и 2020 година), а Реал Мадрид до 15. титула (1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1969, 1969, 200 2014, 2016, 2017, 2018, 2022 година).

Победникот за титулата на 1 јуни, на „Вембли“ ќе игра против подобриот од двата натпревари меѓу Борусија Дортмунд – ПСЖ.

Share
Scroll to Top