Двајца скопјани нападнати од седуммина во Ново Лисиче, тие пак, агресивни кон полицајците


Двајца скопјани физички нападнати од седум лица во Ново Лисиче. 

На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале кон нив и ги навредувале, по што биле приведени во полициска станица, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.