Американските сили за специјални операции спроведе успешна антитерористичка операција во Сомалија, при што е елиминиран висок претставник на Исламска држава и уште десет оперативци на терористичката група, соопшти висок претставник на администрација на претседателот на САД, Џо Бајден.

Операцијата биле спроведена во северниот дел на Сомалија, а мета бил Билал ал Судани, задолжен за финансиите на ИД.

Бајден минатата недела бил известен за мисијата по повеќемесечното планирање.

Судани бил следен од американското Министерство за финансии од 2012 година за неговата улога во Ал Шабаб. Тој помагал и во финансирањето на операциите на ИД во Африка (ИСИС-К).