Радовиш по големата победа над Младост го обезбедува баражот за Суперлигата, следува гостување кај Македонија ЃП

ФОТО: Телевизија М Нет

Ланскиот суперлигаш Радовиш во претходното коло на домашен терен во СРЦ „25-Мај“ забележа голема победа над директниот конкурент Младост од Богданци со резултат од 25:22 со што радовишани се пред обезбедување на баражот за враќање во Суперлигата.

Тренерот на Радовиш, Спасе Ѓоргиев за телевизија М Нет изјави дека добиле важен натпревар во претходното коло против Младост со што се вратиле на второто место, додава дека го завршиле периодот од три тешки натпревари.

Радовиш оваа недела се подготвуваше за утрешното гостување кај екипата на Македонија ЃП.

Ѓоргиев се заблагодари на публиката која дава силна поддршка на нивните натпревари пред се на натпреварот против Младост во Радовиш.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Радовиш се игра утре со почеток од 19 часот во салата „Кочо Рацин“, а ќе го судат нашите најдобри светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, додека пак делегат на мечот ќе биде Васил Зипевски.

Александар Ванев, М-Нет