Вести Македонија

Мицкоски: Време е да зборуваме за Собрание со 90 пратеници и една изборна единица

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ денеска ја промовираше програмата со која партијата ќе настапи на изборите во мај. Тој нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ знае да прави проекти и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија.

„Тежината на оваа програма која низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стои на зборот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека програмата е наречена „Платформа 1198“ и е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Мицкоски во своето обраќање рече и дека е дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе