Челси е далеку од врвот, а Фернандез посакува Лига на шампиони!

Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез, даде интересна изјава за медиумите по победата над Кристал Палас.

„Сините“ на „Селхурст парк“ ги надиграа домаќините и славеа на оваа средба со 3:1. Челси по ова 24 коло, котираат на 10. позиција на табелата со 34 бодови, далеку од местата кои водат во Европа.

До местото кое води во Европа, Челси заостануваат 13 бодови, што и не е така лесна мисија, бидејки веќе немаат право на кикс до крајот на сезоната, ако навистина сакаат да стигнат до место кое носи поголеми приходи.

– Среќен сум во Челси, следната сезона посакувам да бидеме дел од Лигата на шампионите!.

Челси нема така уверлива форма која може да им гарантира серија на победи со кои би се надевале на место во Европа, но останува да се види како ќе реагираат по победата над Палас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО