Енрике: Чекаме Мбапе да се огласи

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека сите во клубот ја чекаат одлуката на Килијан Мбапе каде ќе ја продолжи играчката кариера.

Мбапе има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната. Тој неколку пати одби да ја продолжи соработката со клубот од Париз, но се уште не објавил каде ќе ја продолжи кариерата.

„Дали Мбапе ќе остане во клубот? Сите чекаме да се огласи „г-дин Килијан Мбапе“. Потоа сите страни ќе го дадат своето мислење. Морам да останам смирен додека сите не го кажат своето. Како да сме во судница, а јас сум само еден од сведоците, кој чека сослушување“, изјави Енрике за Movistar.

Слични содржини