Италија прогласи вонредна состојба по невремето што предизвика лизгање на земјиштето

од Nikola Popovski

На вонредната седница одржана денеска италијанската Влада прогласи вонредна состојба по вчерашното невреме што предизвика катастрофално лизгање на земјиштето во одредени делови од земјата.

Италијанската влада издвои два милиони евра за спасувачки услуги и обновување на јавните услуги.

Владата ја изразува својата блискост со граѓаните, градоначалниците и градовите на островот Искија и им се заблагодарува на спасувачите кои трагаат по жртвите, се вели во соопштението на италијанскиот премиер Џорџо Мелони, пренесе АП.

Префектот на Неапол, Клаудио Паломба, потврди дека во свлечиште со наноси од кал и свлечишта, што се спушти по падината на котата кон пристаништето Казамичола, загинаа две жени, девојче чие тело денеска беше извлечено од семејната куќа и 31-годишна жена, чие тело е пронајдено вчера.

Уште 10 лица се водат како исчезнати во Казамичола, за кои се стравува дека се затрупани под кал и урнатини.

Покрај загинатите и исчезнатите, повредени се четири лица, а повеќе од 160 се раселени.

Силно невреме вчера пред зори предизвика огромно лизгање на земјиштето со наслаги од кал и свлечишта што се преврте по падината на котата кон пристаништето Казамичола, уривајќи се пред него и носејќи цели згради и возила во морето.

Слични содржини