Германија
Гереиро за улогата на Кејн: Тој не е само голгетер…
Хари Кејн ја игра својата прва сезона во дресот на Баерн Минхен, сезона која е квалитетна за него ако се погледне учинокот, головите и асистенциите кои ги имаше во досегашниот дел од натпреварувачката 2023/2024.
Тој е далеку најефикасен играч во Бундеслигата и воедно е на делба на првото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите што доволно говори за тоа какво засилување доби составот од Минхен. Англичанецот е почитуван и од неговите колеги, па така Рафаел Гереиро посочи што напаѓачот комплетно и носи на екипата.
-Да бидам искрен, не знаев за неговиот стил на игра пред да пристигне во клубот. Мислев дека можеби ќе остане горе и ќе чека шанси за гол. Ама тој нуди многу повеќе од тоа. Може да ја поврзе играта, добро ја штити топката. Кога бев повреден, ги гледав сите натпревари и навистина видов каков одличен напаѓач е тој,тип на напаѓач кој навистина ми се допаѓа.
-Навистина му помага на тимот во тешки моменти со тоа што ја штити топката и изнудува фаули. Тој не е само важен голгетер за нас, прави и многу клучни додавања. Создава многу можности за своите соиграчи. На пример, тоа додавање за Џамал [Мусијала] во нашиот последен натпревар [против Дармштад] беше исклучителено. Значи дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи.
-Тој е многу, многу важен дел од тимот. Тоа го покажа оваа сезона. Кога се мачи, сите ние се мачиме. Тој треба да го одржи своето ниво до крајот на сезоната за да можеме да ги постигнеме нашите цели како тим, -порача Португалецот за официјалниот сајт на Бундеслигата.
-
Шпанијапред 24 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
НБАпред 23 часа
Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)
-
НБАпред 18 часа
Перкинс: Леброн никогаш повеќе нема да освои титула…
-
Шпанијапред 16 часа
Ѓулер стрелаше, Реал го освои Сан Себастијан (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ
-
Балканпред 17 часа
Барди: Во еден период бев подобар од Меси…
-
Германијапред 17 часа
Баерн подготвува терен за новиот тренер: Ќе имаме одлука за една недела
-
Англијапред 20 часа
Клоп за најавениот наследник во Ливерпул: Се што слушам за него…