Утрински Весник
Економија

Се намалува дизелот, бензините остануваат со иста цена

Benzin.jpg

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе биде пониска за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари. Максималните цени ќе изнесуваат: Еуросупер БС – 95                   86,50 (денари/литар)       Еуросупер БС – 98                   88,50 (денари/литар) Еуродизел БС (Д-Е V)             77,50 (денари/литар) Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             77,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС                        44,302 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Азески на средба со раководството на „Костал“ од Германија

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Повеќе од 130 македонски компании имаа прва средба со Лидл за можна соработка