• среда, 24 април 2024

Либерман: САД знаат дека треба да му вратиме на Иран, мора да бараме „максимална координација“

Либерман: САД знаат дека треба да му вратиме на Иран, мора да бараме „максимална координација“

Тел Авив, 15 април 2024 (МИА) – Лидерот на опозициската партија „Израел Бејтену“ (Израел е наш дом) Авигдор Либерман изјави дека САД знаат дека Израел нема друга алтернатива освен да му вратат на Иран за неговиот напад во сабота, и оти Израел мора да бара „максимална координација“ со САД во тоа.

Либерман за Канал 12 изјави дека Израел можеше да го одбие иранскиот ракетен и беспилотен напад само со помош на Американците – вклучително и пресретнувањата на САД, и најважно, американските разузнавачки способности и рано предупредување.

Тој рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повикал на безбедносен брифинг, но оти времето сè уште не е финализирано. Тој рече дека секако ќе присуствува, имајќи предвид дека ова е „време на војна“.

Либерман го повика Нетанјаху да не зборува бескрајно за планираниот одговор на Израел, како што направи за планираната операција на ИДФ во Рафа.

- Престанете да зборувате. Прво дејствувај, а потоа зборувај, рече опозицискиот лидер. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан