Тетовец се жали: Возачот виновен за смртта на мојот син е казнет со само една година затвор

Тетовецот Екрем Рамадани чиј син Фесник Рамадани, лани на автопатот Скопје – Тетово го загуби животот во сообраќајна несреќа, се жали на пресудата на Основниот суд Тетово донесена минатата недела, во која сторителот на кривичното дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот на сообраќајот е осуден на едногодишна затворска казна.

Сообраќајната несреќа се случила лани во октомври, а како што пишува во пресудата, сега веќе осудениот не се придржувал на прописите, го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

„Тој се движел со брзина од 105 километри на час, не земајќи ги во предвид условите на патот и не го држел потребното растојание од возило – цистерна. Тој се доближил на мало растојание до цистерната, при што нагло завртел кон принудната лента за запирање и го удрил паркираното возило“, стои во дел од пресудата на Основниот суд.

Таткото на жртвата денеска на прес конференција која ја одржа пред зградата на Основниот суд Тетово, се сомнева дека се работи за брзина од 105 километри на час и смета дека пресудата е преблага.

“На мојот син му се расипал автомобилот и застанал на принудната лента за запирање од автопатот. И наеднаш налетал сторителот со голема брзина со автомобилот и го удрил паркираниот автомобил и тоа било фатално за мојот син кој загинал на лице место. Тука во судскиот записник пишува дека возел 105 километри на час, а позади него имало камион со цистерни. Сторителот кочел околу дваесет метри и удрил во паркираниот автомобил и цистерната, со таа брзина нема потреба да се кочи 20 метри. Моите зборови воопшто во пресудата не се запишани, само оние на сторителот. Тој е казнет со една година затвор, усмртил човек, повредил негов колега, влегол во насока каде не треба и казнет е само со една година. Сега ако те фатат со алкохол, велат дека се добива од една до пет години затвор, а тука се работи за смртен случај, а пресудава е исто како тој да возел под дејство на алкохол. Мојот син оставил три малолетни деца, нема сега кој да ги рани. Јас живеам засебно со една пензија сум, со 9. 000 денари, не можам да им помогнам. Барав оштета за децата, тоа воопшто не е запишано, не е земено во предвид, вели Рамадани.

За пресудата на Основниот суд Тетово, адвокатот на семејството Рамадани има поднесено жалба до Апелациониот суд во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот