Најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа – Евролигата, може да донесе нереални спортски приказни, но ваква никој не очекуваше.

Имено, како што пренесува „Јурохапс“, еден од најпознатите европски кошаркарски судии Матеј Болтаузер бил уапсен во Белград кога бил фатен како краде парфем.

Инцидентот се случил на аеродромот „Никола Тесла“ на 5 декември 2023 година, а Болтхаузер е снимен како краде парфем од познат бренд, вреден 221 евро.

Потоа во полиција го признал прекршокот и малку подоцна бил пуштен на слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beograd Danas (@beograd_danass)

„Јурохапс“ по објавувањето на видео дозна дека Евролигата отворила дисциплинска постапка против споменатиот Словенец, кој беше фатен на дело по 12. коло од елитното натпреварување, кога ја делеше правдата во српската престолнина на натпреварот помеѓу Партизан и Монако.

Болтхаузер шест пати беше делегиран за арбитер на завршниот турнир во Евролигата, а последниот Ф4 турнир на кој судеше беше во 2021 година, кога ја делеше правдата на полуфиналниот меч меѓу Барселона и Армани Милано во Келн.