Поврзете се со нас

АТП

„Пукна тиквата“: Најпопуларната тениска двојка означи крај на љубовта (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Паула Бадоса минува низ најтежок период во кариерата и изминатите неколку месеци беа најтешки за Шпанката на професионален план, но затоа се просветли во приватниот живот и доживеа незаборавна љубовна авантура со Стефанос Циципас.

Бадоса и Циципас станаа најпозната и најпопуларна двојка во светот на тенисот и нивните средби на турнирите беа навистина симпатични, меѓутоа Шпанката сега сама информираше дека двајцата одлучиле да се разделат во пријателска атмосфера.

За разлика од Бадоса, Циципас доживеа доста подобри денови во изминатиот месец и повторно ја пронајде најдобрата форма на земјена подлога, а како ќе влијае раскинувањето со Паула во пресрет на Ролан Гарос, останува само времето да покаже.

– После долго размислување и многу прекрасни моменти минати заедно, Стефаноси јас одличивме да се разделиме на пријателси начин.

– Заедно минавме пат исполнет со многу љубов и научивме многу работи заедно. Сега, како пријатели кои и натаму ќе се почитуваат, решивме секој да тргне по својот пат, – објави Бадоса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни