Засега нема информации како дошло до сообраќајната несреќа и за тоа дали има повредени лица
Превртен автомобил на булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Броз кафе“ е причина што вечерва во овој дел има присуство на повеќе полициски екипи и противпожарно возило.
Возилото е превртено во третата лента од тротоарот во правец од Центар кон Карпош. Сообраќајот на другите две ленти се одвива нормално.
Засега нема информации како дошло до сообраќајната несреќа и за тоа дали има повредени лица.