EPA-EFE/ADAM DAVIS

Екипата на Оклахома сезонава е најголемо изненадување во НБА лигата. Изминативе неколку години оваа франшиза градеше мошне млад тим кој оваа сезона „експлодира“ на теренот, пред сè на чело со Шеј Џилус-Александер како лидер.

Тимот успеа да биде прв на табелата на Западот, а првата рунда од плејофот ја мина со четири победи без пораз. Сега, нивен ривал во полуфиналето на Западот им е Далас предводен од Лука Дончиќ, а моментниот резултат е 1-1 во победи.

Комична изјава по вториот меч имаше Џејлен Вилијамс, кој на прес-конференцијата доби интересно прашање. Младиот 23-годишен кошаркар роден во Денвер ја игра својата втора сезона во НБА, а новинарите ги интересираше зошто секогаш е насмеан кога е на теренот. Одговорот беше многу јасен: „Ми плаќаат милиони долари за да дриблам кошаркарска топка горе-долу по теренот, тешко е да не бидеш среќен“, рече тој.

По три години на колеџот Санта Клара, Џејлен Вилијамс беше избран како 12-ти пик од првата рунда од Оклахома во 2022 година и веднаш доби голема улога во тимот и стана стартер. Што се однесува до милионите, тој по пристигнувањето во лигата потпиша четиригодишен договор вреден 20 милиони долари. Во првата сезона заработи 4.340.000 долари, оваа сезона е платен 4.775.000 долари, а потоа во сезоната 2025/26 Оклахома да има право да го ангажира за 6.580.000 долари. Епа, навистина има многу причини за насмевка.