Цедевита Олимпија го замени Владо Илиевски за преискусен Шпанец

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски оваа сезона заплива во менаџерските води добивајќи ја функција спортски директор на словенечкиот АБА лигаш и учесник во Еврокупот, Цедевита Олимпија, но по само една сезона ќе престане да ја врши истата, објави клубот.

Катастрофалните резултати на Цедевита Олимпија во Еврокупот каде тимот од Љубљана забележа само една победа во 18 натпревари и елиминацијата во четвртфиналето од регионалното првенство го примора раководството на тимот за промена па местото на Македонецот ќе го наследи шпанскиот експерт, Чечу Мулеро кој две децении работел во Валенсија вршејќи различни функции во клубот.

Се вчитува...