17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Најсовремени типови на инсулин за лицата и децата со дијабетес за првпат беа воведени во мандатот на д-р Филипче

Крупни чекори за подобрување на третманот и терапијата на лицата кои боледуваат од најразлични болести беа забележани во периодот по 2019 година. Беа воведени три нови типови на Инсулин, од најновата генерација на лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибата. Тогаш Филипче го раководеше секторот здравство.

Покрај тоа, беа донесени и 5 нови препарати коишто овозможуваат уште подобра контрола на гликемијата, инсулини кои се кардиопротективни.

Сите овие промени овозможија подобар третман со сигурни, безбедни и ефективни инсулини што значително ја подобруваат состојбата на лицата со дијабетес.

Уште една позначајна законска измена воведена во времето додека д-р Венко Филипче беше министер за здравство беше измената на Законот за лековите и медицинските средства, со што се укина паралелниот увоз за инсулин и терапија за дијабетес.

Со укинувањето на паралелниот увоз, во земјата се донесоа оригинални инсулини и терапија за дијабетес со сертификат какви што се носат во сите развиени европски земји.

Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак државата имаше контрола дали терапијата којашто се набавува е исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови и сите други потенцијални нејаснотии што се отворија со овој начин на набавка на лекови.
Дополнително, во рамките на националниот електронски систем „Мој термин“ функционира посебен софтвер и во реално време се следат потрошувачката и снабдувањето со инсулин и ленти за мерење шеќер во сите установи и нашата држава е пример за таков тип софтвер, единствен во регионот.

Спонзорирано: