Поврзете се со нас

Светски првенства

Јапонците очајно шутираа пенали, Хрватска е во четвртфиналето на СП (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Хрватска е новиот патник во четвртфиналето на Светското првенство и тоа откако по една драма заокружена со пенали славеше над Јапонија.

Јапонците и Хрватите си поделија по едно полувреме, Маеда донесе предност за „самураите“ во 43 минута, додека Перишиќ стрелаше за „коцкестите“ во 55 минута. Овој резултат 1-1 значеше дека ќе се играат дополнителни 30 минути во Катар во кои двете мрежи не се тресеа, па победникот мораше да се побара низ пенал рулетот.

Во истиот херој беше голманот Ливаковиќ кој одбрани три удари на Минамино, Митома и Јошида со тоа што мора да се потенцира дека пеналите не беа најдобро изведени. Ливаја беше единствениот кај Хрватите кој не реализираше, односно работата ја завршија Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ.

Противник на избраниците на Златко Далиќ ќе биде подобриот од мечот Бразил-Јужна Кореја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни