Клоп: Се почесто слушате дека сум уморен, но само сум стар

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за неговото заминување од Ливерпул.

Германскиот стручњак вели дека тоа што е уморен во последно време се темели на тоа што е веќе стар.

„Не размислувам за заминување и не ги бројам натпреварите додека не заминам. Никогаш не сум гледал на тоа да си заминам така бидејќи немам време да размислувам за тоа секој ден. Не играме одличен фудбал во последните неколку недели и како резултат на тоа се повеќе слушате дека изгледам навистина уморно, всушност, јас сум стар, сепак, решен сум да бидам 100 отсто во фудбалот, до последниот ден“, изјави Клоп. 

Се вчитува...