ОТВОРЕН ДЕН НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ

Ве покануваме да присуствувате на „ОТВОРЕН ДЕН НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ“ кој ќе се одржи на  17. 04. 2024 година (среда), во просториите на МИТ Универзитетот, од 12 часот до 16 часот. Настанот е наменет за матурантите и средношколците од сите средни училишта од земјава и од град Скопје кои официјално, преку Директорите, се поканети да учествуваат на настанот. За време на настанот планирани се работилници, освежување и закуска.

Во рамките на МИТ Универзитет функционираат 7 факултети:

  • Факултет за архитектура
  • Факултет за безбедносни науки
  • Факултет за психологија
  • Факултет за економски науки
  • Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија
  • Факултет за дентална медицина
  • Колеџ за медициска козметологија и физиотерапија.

За време на Отворениот ден на МИТ, ќе се одржат работилници од областа на:

  • ПСИХОЛОГИЈА (тестирање на присутните средношколци за професинална ориентација)
  • ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА (имплантологија, хируршки интервеции, комплетна загуба на забите итн.),
  • БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ (тестирање со Полиграф, земање отпечатоци, ДНК тестирање, кривично дело, итн.)
  • ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ (практични вештини и реални предизвици на економскиот професионализам, подготовка за успешна кариера во економскиот сектор).
  • КОЗМЕТОЛОГИЈА И ФИЗИОТЕРАПИЈА (роботика во рехабилитацијата основни концепти и техники, физикална терапија, акупунктурни шеми, роботика во козметологијата).
  • АРХИТЕКТУРА (изложба на наши студенти, креативен процес на дизајнирање, основни концепти и инспирации, техники на дизајн, креативни методи и алатки за развивање на идеи, претворање на концептот во реален дизајн)
  • ПРАВНИ НАУКИ (практични аспекти на правото преку интерактивни вежби и случаи од реалниот живот).

Ве замолуваме потврдите го Вашето присуството кај нашето контакт – лице Арлинда на 078 268 268. За сите дополнителни информации стоиме на располагање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.