Неверојатна ситуација: Монфис повредил супервизор на турнирот во Осло – сега е дисквалификуван

Познатиот француски тенисер Гаел Монфис, е исклучен од турнирот во Осло, после една несекојдневна ситуација.

Имено, како што е наведено во соопштението на самиот турнир, искусниот тенисер низ шега ненамерно го повредил супервизорот на турнирот, Стефан Апостолу, што предизвика и негова дисквалификација од трнирот.

– Гаел Монфис немал намера да го повреди супервизорот, но сепак таа повреда се случила и нема друго освен да биде дисквалификуван. Тенисерот ја прифати таа дисквалификација, па и тој и супервизорот се разделија во пријателско расположение, пишува во соопштението.

На егзибиционистичкиот турнир во Осло, учествуваат Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Беноа Пер, Доминик Тим, Алекс де Минори и Александер Бублик.

Меѓу нив беше и Гаел Монфис, кој сега заработи суспензија и нема да игра понатаму на овој турнир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО