Групата „Дај, не фрлај!“ бара нови членови!

Оваа година на 25 ноември групата „Дај, не фрлај!“ слави 6 години. Во групата е упатен јавен повик кон сите да покануваат нови членови со цел групата да ја достигне бројката од 60.000 членови за 6-от роденден!

Групата „Дај, не фрлај!“ е отворена на 25 ноември 2016 година со идеја спротивставување на консумеризмот и беспотребното купување. Членовите подаруваат работи кои се користени, но сочувани, со што им даваат втор живот. Така тие учествуваат во процесот на реупотреба (reuse), со што помалку предмети завршуваат на депониите.

„На тој начин сите стануваме одговорни граѓани кои размислуваат за последиците на нивното однесување, наместо потрошувачи кои се (не по свој избор) водени од желбата за поголема заработка на компаниите,“ е потенцирано во објавата за приклучување нови членови.

Другите нешта за кои се залага групата е враќањето на стари традиционални вредности на готвење дома, правење зимници, носење торби за пазарење, употреба на амбалажи кои се користат со генерации и слично.

Затоа, препорачајте ја групата „Дај, не фрлај“ кај вашите пријатели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *