ВЕСТ НА ДЕНОТ
Tурските власти ја одобриле екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Почитувани граѓани и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, објави министерот за правда Кренар Лога.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„После 20 години, 10 земји повторно се во процес на влез во ЕУ. Путин ќе го примени своето деструктивно влијание каде што може. Балканот не смее да остане сива зона за тоа. Земјите од Западен Балкан, Украина припаѓаат на нашиот простор“, изјави Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Во недостиг на доволни количини оружје и муниција на фронтот, украинските саботери напорно работат длабоко зад руските линии на еродирање на рускиот капацитет и, најважно, ја удираат Москва таму каде што најмногу боли – внатре во нејзините граници, уништувајќи две железнички линии во Русија што е јасен пример за стратегија што се развива, дизајнирана да му наштети на Путин опседнат со безбедноста и да ја деградира способноста на Москва да води војна.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕНЕРГИЈА Само 2,75 проценти од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ),
НАСИЛСТВО Двајца момци од населба Сингелиќ (Ченто) брутално претепани од група на хулигани. Напаѓачите се дел од навивачката група “Комити”.
ИЗБОРИ На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај.
КОНФЛИКТИ
Израелските преговарачи го намалија бројот на заложници што бараат да ги ослободи Хамас во почетната фаза од примирјето на 33 од 40, соопштија вчера израелските власти, нудејќи навестување на надеж за прекин на огнот во Појасот Газа.
*
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?
ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е најновиот инцидент каде што две момчиња од населба Сингелиќ (Ченто) се брутално претепани од навивачката група „Комити”. Девет дена пред физичкиот напад, „Комити Ченто“ најавија дека „Ченто е подготвено, и се чека знак за јуриш!“.
ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.
ИЗБОРНА ХРОНИКА
„Останува уште точно една недела до одржување на парламентарните избори во Република Северна Македонија, кампањата на учесниците во изборниот циклус е во полн ек, со вжештена реторика, предвидлива динамика и „непредвидливи“ акции. Спротивставени програми, условувања за коалиции, прогрес во ветување, судири во време и простор, навреди и закани – се ова може да се најде во обраќањата на „натпреварувачите“ во овие избори“, повеќе во ИЗБОРНАТА ХРОНИКА: Интеграција наспроти изолација; Тетово-град на митинзи; контаминирана реторика; СТОП за насилството и национализмот
СЛОБДНА ЗОНА
„Гласачите, оние што излегоа на избирачките места, а и оние што апстинираа од гласањето, на три дена пред годишнината од крвавиот четврток (27 април 2017), кога тогашната власт се обиде да изврши државен удар со крвав упад во македонскиот парламент, требаше да избираат меѓу два концепта. Едниот, националистички, антидемократски и антизападен, а другиот – проевропски и демократски. Вториот концепт е под жесток напад со години, долга и комплексна операција во која учествуваат медиуми, граѓански организации, интелектуалци и академија, бизниси, верски заедници, криминалци и оперативци на руското разузнавање“, пишува Џабир Дерала во трет дел од анализата Три клучни фактори во изборната динамика: Национализам, руско влијание и политичка инертност, објавена на 27 април 2024, на ЦИВИЛ МЕДИА „Повлекување на прогресивизмот: Испитување на влијанието на политичката инерција, апатијата и разочарувањето“.
„Го препрочитувам овие денови починатиот професор, Ѓорѓе Марјановиќ, во една колумна тој вели: „Овој народ (ќе) си има власт каква што заслужува! И од тоа нема спас“! Филозофите би рекле: „Каков народ, таква држава“! Овие денови еден убаво напиша: „Во листите за кандидати на партиите на Албанците има само проверени кандидати од партиските кланови или анонимуси““, пишува Сефер Тахири во „Нови избори, стари кандидати на ДУИ“.
Подготви: Б. Јордановска